(Видео) Стоилковски: СДС, ДУИ и Левица вчера ја почестија Арсовска со гласање за буџет од 130 милиони евра

Видео-Стоилковски-СДС-ДУИ-и-Левица-вчера-ја-почестија-Арсовска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според портпаролот на ВМРО_ДПМНЕ Наум Стоилковски,СДС, ДУИ и Левица вчера ја почастиле Данела Арсовска со гласање за буџет од 130 милиони евра.



„Вчера повторно проработе коалицијата СДС, ДУИ, Левица со Данела Арсовска. На седница на Советот, амандманите на ВМРО-ДПМНЕ не беа прифатени, а СДС ги повлече амандманите, и здушно заедно го гласаа буџетот. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше“, вели тој.

Оцени дека вчера беше донесен најпогубниот неразвоен буџет скроен по теркот и меракот токму на СДС, ДУИ и Левица, и со нивните гласови тој беше изгласaн во советот на Град Скопје.

„Арсовска со помош на СДС, ДУИ и Левица донесе буџет со којшто ги укинува капиталните инвестиции, ги намали субвенциите, буџет со којшто парите можат да завршат во приватните џебови на пајташите на Арсовска.

Медарката Арсовска си обезбеди полни раце мед со гласовите на Левица, ДУИ и СДС.

Честито за коалицијата, жалење за новата загубена година“, потенцира Стоилковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK