(Видео) Стоилковски предадe докази: Очекуваме дека ЈО, ќе отпочнат со сериозност кон случајот „Диво месо“

Видео-Стоилковски-предадe-докази-Очекуваме-дека-ЈО-ќе-отпочнат-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска до Основното јавно обвинителство ги доставивме документите во врска со случајот „Диво месо“, „Канцер мафија“ на Онкологија, онака како што најавивме, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.


Страшно е, вели тој, што и по три месеци наводна предистрага, нема оформен предмет во Основното јавно обвинителство и нема започнат процес за „Диво месо“, а мафијата се уште функционира, работи на Онкологија, бидејќи никој таму не е опфатен со некаков процес со кој што би бил отстранет од работата.

Според Стоилковски, јасно е дека зад ваквото однесување стои политичка одлука.

„СДС веднаш застана зад „Канцер мафијата“ по објавувањето на документите доставени од укажувач во ВМРО-ДПМНЕ.

Сето тоа се гледа и од односот со и кон работата на Комисијата во Собранието посветена на случајот „Диво месо“, „Канцер мафија“ на Онкологија.

Денеска до Основното јавно обвинителство предадовме документи доставени од укажувач коишто посочуваат:

Дека и покрај скапите договори, не била доставувана навремено терапијата за болните кои што се третирале на Клиниката, никој не ги предупредил оние кои што требаа да ја испорачаат и никој за тоа не одговарал, односно за работата на омилената фармацевтска куќа на власта.

Доставивме докази дека се создавале можеби фиктивни вишоци на лекови и терапии, тие биле нарачувани, а пациентите сепак не ги добивале.

Докази дека никој не водел евиденција каде и како завршувал вишокот од секоја отворена вијала, пакување, со што постојат сомнежи дека вишокот завршувал надвор од болницата.

Дополнително терапијата била давана на пациенти во торбички на пациенти за да се искористат во приватни установи, а била наплаќана услуга како да била аплицирана во Универзитетската клиника“, посочи Стоилковски.

Додаде дека очекуваме дека сепак кај Јавното обвинителство ќе проработи човечноста и спротивно на поддршката од власта за „Канцер мафијата“, ќе отпочнат со сериозност кон случајот „Диво месо“ на Онкологија.

Според Стоилковски, се работи за „Канцер мафија“, „Диво месо“ кое што го уништува здравствениот систем на сметка на животите на пациентите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK