„Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ.
Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора да се потпреме на среќа или на небото да не се случи поголема трагедија, затоа што ќе нема каде да се примат пациенти.
За жал се потврди дека од петок до денеска вторник ништо нема да биде преземено на Хирургија“, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Дознавме вели тој дека за СДС-ДУИ поважни им се партиските функции.
„Дознавме дека Владата, оние од СДС-ДУИ воопшто не им е грижа за тоа што се случува, и нема став за Хирургија. Нема ниту одговор дали санацијата би чинела само 120.000 евра?
И секако, дознавме дека додека трае процес на ЈО за Хирургија, заменик министерката Маја Манолева се среќавала со сите директори на Хирургија!? Уште еднаш ќе повторам – ЈО наводно испитува дали има заговор во Хирургија, а сите директори и власта си прават средби и се договараат!?
20 дена ниту еден директор од 12 на Хирургија, не излезе со став или осуда, ама затоа се здружени со заменик министерот Манолева, која што е и втор човек во Лекарската комора во исто време!?
Па треба да веруваме дека збореле дека ќе отпочнат со работа кога ќе има услови, а не и можеби за ветување заштита за 12-те директори заради колапсот на Хирургија?“, истакнува Стоилковски.
Додаде дека веќе 20-тина дена „абер нема од санација на Хирургија, се заради негрижа на двоецот СДС-ДУИ, за лични интереси и партиски функции“.
„Кабелот повеќе не може да е виновен! Ако санацијата би вредела 120.000 евра, ако за 120.000 евра 20 дена здравството е во колапс, некој дебело ќе одговара.
Одговорност ќе има, колку и да се групираат и регрупираат“, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.