„Се уште молчат Владата и Артан Груби, молчи и директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, шефот на кабинет на Груби всушност за скандалот, можноста Македонија да биде 15 години партнер со најголемиот бугарски мафијаш, притворен, човек со докази за контакти со Пригожин, човекот на Путин според бугарскиот обвинител, партнер, Македонија да ја направат партнер со човек од црната листа на САД заради криминал, корупција, подмитување министри и функционери за да му минуваат законите за коцкање во Бугарија!“, кажа Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ај што молчи Груби, ај што молчи ДУИ и Владата, молчат и институции како ЈО.
Фактите се следни:
По две години неуспешни обиди да го сменат законот за игри на среќа, Груби со владин потпис одобрува на Државна лотарија, каде директор е негов личен шеф на кабинет, човек од доверба, за три нови лиценци фирми за коцкање, фирми во ортаклук со Македонија.
Лотарија на Македонија објавува оглас на 11 септември со важење до 23 октомври! И во тој оглас се прави фоторобот на посакуваната коцкарница- да е странска, присутна на Балканот, да работи 8 години, да направила огромен капитал од онлајн коцкање. Се на се убаво скоцкан оглас.
Според овој оглас, се упатува на бугарскиот коцкарски могул Васил Божков Черепот.
Тој и дури 58 негови фирми поврзани со него од 2021 година се на црната листа на САД. Како најпознати коцкарници на интернет се 7777.бг односно 8888.бг и од 2021 година одат во рацете на друг се верува близок на Божков според пишувањето на бугарските медиуми кој избега во Дубаи. Ова е информација од Декември 2021 година, додека сега годинава, летово кога се враќа назад и е во притвор во Бугарија тој ги презема повторно фирмите, ова е информација 9 Август 2023 година веројатно по системот на Ковачевски и Заев, чувари на фотелји.
Лотарија и институциите мора да одговорат, од јавен интерес е дали веќе е склучен договор со фирма која е поврзана со Васил Божков познат како Черепот во Бугарија?
Дали притисокот на Артан Груби и ДУИ за законот за игри на среќа, да се промени законот за игри на среќа ваквите зафати со владин потпис на Артан Груби дали зад нивната огромна заинтересираност за него постои и можност за огромна корупција, однапред договорен влез на фирмата, легализирано со можеби формален оглас сега од Лотарија на Македонија?
Македонија тоне во сиромаштија, а владата ја интересираат само закони за марихуана и закони за коцкање, и закон зад кои лежат огромен потенцијал за криминал и корупција! Само избори се спасот!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.