Втора недела Артан Груби, ДУИ, Ковачевски, Лотарија, немаат одговор за скандалот – како директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами изнајмува локал за цели 21.000 евра месечно од фирма чиј што дел е член на УО на Лотарија, Шабан Азмовски, Хамза и тоа со договор на 10 години, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„21.000 евра месечно, 10 години, 252.000 годишно, вкупно 2 милиони 520.000 евра. Исто така, за годинава Лотарија предвидела речиси милион евра, над 970.000, за наем и реконструкција на деловен простор, всушност за истиот локал!
И двајцата притоа се дел од кабинетот на Артан Груби во министерството за политички систем!
Шабан Хамза, всушност отвора портал ХЕЈ.МК каде главен условно клиент е Фидан Селими со фирмата „Медиа Девижн 2021“, инаку уште еден вработен во министерството на Артан Груби, со задолженија за рекламирање на ДУИ!
Локалот кој што е изнајмен е од фирмата „ХЕЈ“, на Армин Машовиќ, познат како бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај!
Значи тројца вработени кај Артан Груби во бизнис со партнерот на Ерџан Сулкоски, оној којшто Али Ахмети се сеќавате дека нели не го познава!
Ова е чист случај за ЈО за организиран криминал доколку и тој не се поврзува со ДУИ и Али Ахмети“, потенцира Стоилковски.
Прашува како тоа Перпарим, директорот од Лотарија најмува простор од фирма каде дел е Шабан Хамза, член на Управниот Одбор на Лотарија.
„Дали Перпарим од Лотарија ќе каже дали не знаел дека Шабан Азмовски, Хамза го регистрирал името на порталот ХЕЈ на фирмата каде ќе истурат 2,6 милиони евра?
Артан Груби мора да каже како тоа во Лотарија завршиле и Перпарим Бајрами и Шабан Азмовски, Хамза, но и оној со фирмата „Медиа Девижн 2021“, Фидан Селими.
А, Али Ахмети и Димитар Ковачевски мора да одговорат како сите големи државни тендери се вртат околу зетот на Ахмети и неговиот бизнис ортак Ерџан Сулкоски?
И секако СДС мора да одговори до кога молкум ќе слугува на криминалниот клан“, вели Стоилковски.
Подвлекува дека институциите мора да почнат да работат.