Пробиштип има споменик на лагите од СДС, со кои ќе настапат и оваа година. Градоначалникот од СДС, Драган Анастасов, во 2021 година ветуваше дека до 2023 ќе го затвори изворот на опасни тешки метали во близина на пазарот во градот. 12 милиони тони хидројаловина се уште го трујат Пробиштип и околината заради бизнис интересите на СДС и Анастасов, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Главното ветување на СДС и Анастасов беше дека овој извор на отрови зад мене ќе биде затворен или Анастасов ќе си поднесе оставка.
Па Анастасов и СДС должат одговори, дали граѓаните и децата се уште треба да се трујат се додека не го стокмат бизнисот со фотоволтаици, најавен на денот на рударите“, вели Стоилковски.
Според него, постои изработен проект за санација, којшто по доаѓањето на СДС на власт стои во фиока иако во 2016 година имало обезбедено и финансиски средства од 4.2 милиони евра од Буџетот на Македонија.
„Осма година, со изработен проект и со обезбедени пари, СДС и Анастасов оставаат труење со секој еден ветер заради бизнис со фотоволтаици“, подвлече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.