Полицијата во реонот на селото Требовлје ја пронајде и безбедно ја пренесе В.Н. (55) од с.Косово, Македонски Брод, која од страна на нејзиниот брат Б.Н.(50) на 1 јануари беше пријавена за исчезната.
В.Н. е предадена на медицинскиот персонал во Клинички центар “Мајка Тереза”.
Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето и В.Н. денеска е пронајдена, велат од МВР.