(Видео) СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани: Нема закон што ќе ја избрише тагата, но да покажеме дека сме тука за семејствата


sdsm.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја повика партијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани.  Од СДСМ велат дека како луѓе и како општество сите имаме обврска да покажеме дека сме тука кога е најтешко за семејствата кои изгубија сѐ,


„Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани што го поднесовме е чин на солидарност, човечност и грижа. Законот содржи вистински решенија за помош и поддршка, не за политички поени. Искрена е намерата да помогнеме – на оние кои останаа без најблиските, на оние кои се повредени, на оние кои денес се борат и со физичка и со душевна болка“, велат од СДСМ.
Законот предвидува директна финансиска поддршка за семејствата на настраданите, помош за повредените, вклучително и оние со долгорочни последици, поволности за децата кои поради лекување се отсутни од настава,  и мерки за здравствена, социјална и заштита во делот на работните односи.

 

Законот ги опфаќа и семејствата од претходни тешки трагедии – Тетово, Ласкарци, Беса Транс, а со цел институционално да се постави фер, човечки однос на грижа за жртвите и нивните семејства.

„Нема закон што ќе ја избрише тагата. Но, со израз на солидарноста и грижата мора да покажеме дека државата не ги игнорира, туку знае да застане зад своите граѓани кога им е најтешко. Дека институциите знаат да бидат со своите граѓани – не со зборови, туку со дела. За трагедијата во Кочани мора да има правда, одговорност, но и институционална, државна поддршка на сите на коишто им е потребна и неопходна. Во СДСМ веруваме дека кога станува збор за солидарноста и за човечката грижа, не смее да има партиски разлики, ниту политички поделби. Затоа, уште еднаш ги повикуваме пратениците од владејачката партија: да го преиспитаат својот став, да се издигнат над политиката и да дадат поддршка за ова законско решение“, велат од СДСМ и кажуваат дека се подготвени да прифатат и  предлози за модификација на законското решение од владејачкото мнозинство.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK