Граѓаните вечерва на нов протест по скандалот на Онкологија за случајот со кражбата на лекови.
Оставка, правда за жртвите, предавници, се само дел од барањата и прозивките на незадоволните.
Ова е втор протест по објавите дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогените заболувања завршувале на црниот пазар.
„Нашите барања и ултиматум од овој протест се: ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела; истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и на директорот Нино Васев; проширување на истрагата на работата на детската онкологија; целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија; правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија; вклучување онколошки пациенти, кои ќе имаат увид во самата истрага“, порачаа организаторите.
„Чашата е прелеана а тие се спремни да одат до крај и да си ги измијат рацете преку новите измени на Кривичниот законик, беше порачано од протестот“.