­

(Видео) Петрушевски: Институциите да го повикаат на распит Јон Фрчкоски, а Филипче да каже како поставил лице конзумент на дрога на партиска функција


Бране-Петрушевски-28.03.2025.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фрапирачки е како Венко Филипче како лекар, хирург, молчи за конзумирањето дрога на Јон Фрчкоски, лице кое тој го постави за партиски функционер. Дали Венко Филипче како лекар, но и како претседател на СДС го осудува конзумирањето на дрога од страна на Јон Фрчкоски, прашува Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.


Има, вели тој, јавно признание како нивен партиски функционер конзумирал дрога на работно место.

Дополнително праша, зошто Венко Филипче молчи и се крие, обидувајќи се да го сокрие овој мега нарко скандал.

„Ги повикуваме надлежните институции да го повикаат на распит Јон Фрчкоски.

Дали Јон Фрчкоски конзумирал дрога кога водел институција како помошник директор во ПУИГ, или е сега кога водел орган во СДС?

Доколку Јон Фрчкоски конзумирал дрога додека бил помошник директор на ПУИГ, дали и како тоа влијаело на неговите одлуки како директор?

Институциите треба да го проверат работењето на Јон Фрчкоски како помошник директор, и дали тој додека бил во состојба под психотропни супстанци ја оштетил институцијата“, кажа Петрушевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK