(Видео) Пендаровски-Христодулидис: Македонскиот претседател се заблагодари на поддршката од Кипар

Видео-Пендаровски-Христодулидис-Македонскиот-претседател-се-заблагодари-на-поддршката-од-Кипар.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари билатерална средба со претседателот на Кипар, Никос Христодулидис.


На средбата се разговараше за односите меѓу двете земји при што двајцата претседатели констатираа дека по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019-та година се отвораат можности за развивање на соработката во области од заемен интерес.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната поддршка од Кипар на нашиот пат кон европската интеграција и изрази очекување таа да продолжи. Соговорниците се согласија и за јакнење на соработката на мултилатералните форуми, особено взаемната поддршка за кандидатурите.

На средбата стана збор и за економските релации меѓу двете земји, при што соговорниците се заложија за унапредување на економската соработка, зголемување на обемот на трговија во областите на земјоделството и прехранбената индустрија, туризмот, банкарството и финансиите. Во тој контекст, претседателите изразија интерес за одржување на Бизнис форум меѓу двете земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK