Во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска, а во која учествуваа две македонски и едно српско возило, во која настрада една жена, учествувал српскиот рокер и ќлен на жирито на „Звезде Гранда“ Ѓорѓе Давид.
Тој за српскиот печат изјави дека глетката била страшна, дека полицијата му направила алко-тест кој покажал дека нема алкохол во крвта, а дека во болница му ја зашиле повредената рака.
Давид за медиумите изјавил дека веднаш се видело оти тој нема вина за несреќата, туку дека наводно виновна е ѓената која возела и која во автомобилот била со мајка ѝ и која излегла од возилото. Тој ќе остане во македонија до завршувањето на законските постапки.