(Видео) Мизрахи: Има сомнежи дека и денес се заработува на грбот на болните од рак, бараме да се продолжи рокот за работа на Анкетната комисија

Видео-Мизрахи-Има-сомнежи-дека-и-денес-се-заработува-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради сомневањата дека основаните сомнежи за заработка на грбот на пациентите и несоодветен третман на болните од рак се случуваат денес претседателката на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија во Собранието, Рашела Мизрахи, најави дека денес, откога ќе ги сослушаат последните сведоци, ќе побараат проширување на надлежностите и работата на комисијата.

Таа наведе дека во случајот со Онкологија има нови сознанија од кои, според неа, јасни се три работи односно дека Фондот нарачал и изготвил извештај кој остава сомнеж дека и денес болните имаат несоодветен третман, дека и денес се набавуваат лекови за суми изразени во милиони евра и покрај складираните количини и лековите им се даваат на пациентите во торбиче, а се фактурира како да ги аплицирала Клиниката.



„Овие нови сознанија за случувањата на Онкологија ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува вклучително и тековниот период од април 2023та година на кој се однесува извештајот на ФЗО. Вистината за канцер мафијата мора да се знае. Одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме. Во текот на денешниот ден имаме свикано сведоци. Во текот на денешниот ден ќе биде господинот Оливер Спасовски, господинот Јовевски, Никола Васев и Стево Крстевски, ексдиректор на ФЗОМ како присутни, а понатаму ќе се достави барањето до пленумот за проширување на надлежностите и работата на Анкетната комисија“, рече пратеничката Мизрахи.

Таа извести дека денес е последниот ден за сослушување сведоци и експерти за скандалот на Онкологија. Досега се сослушани 49 сведоци и експерти, а десетмина не се појавиле иако биле уредно поканети.

Јавното обвинителство вчера соопшти дека обвинувањата за Онкологија кои вчера ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ, вклучително давањето лекови во торба,  се погрешни и можат да ја вознемират јавноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK