(Видео) Мијалков се врати во судница, одново очи во очи со прислушуваните новинари Цаневска, Димовски и Чадиковски

Видео-Мијалков-се-врати-во-судница-одново-очи-во-очи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков беше донесен во судница од двајца полицајци од струшкиот затвор, за да продолжат сведочењата околу прислушувањето за кое тој е обвинет.


Мијалков, за кој Управата за извршување санкции кажа дека вози затворско комбе овој пат не беше возач, туку го возеа.

Во судницата по втор пат се соочи со аргументите на новинарите Катерина Цаневска, Саше Димовски и Младен Чадиковски, чии телефонски броеви беа прислушувани, а за кои тие добија и транскрипти од кои утврдија дека навистина ги воделе разговорите.

Новинарите кои се сведоци ќе треба да се изјаснат.

Во судницата беше и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK