(Видео) Мицкоски: Зголемена е наплатата на приходи од Царината, тоа е резултат на принципиелна работа и борба против криминалот


mickoski-carina-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„За една година, со напорна работа, со визија и со домаќински пристап, ја враќаме државата на нозе – дел по дел, институција по институција, систем по систем. Еден од тие столбови што го гради новото време, што ги поставува темелите на промените, е токму Царинската управа. Податоците сами по себе многу говорат“, кажа премиерот Христијан Мицкоски, на настан на Царинската управа.


„Во текот на изминатата година, наплатени се приходи, како што кажа и директорот во висина од над две милијарди евра, а тоа се 105 милиони евра повеќе отколку во истиот период претходно. Тоа не е случајно. Тоа е резултат на принципиелна работа, на раководење без калкулации, на борба со сивата економија и корупцијата, и на јасна политичка определба – парите да одат кај граѓаните, а не во нечии џебови.

Затоа, денес растат приходите од царина како што кажа и директорот за 15,2 проценти, од акцизата растат за 7,1 процент итн.

Знаеме што значат овие бројки – тоа значи повеќе за пензии, за плати, за болници, училишта, патишта и за иднината на нашите деца. Тие пари до вчера завршуваа во сивата економија. Денес се враќаат кај народот.

Но се отвори и борба против сивата економија и криминалот, а за тоа говорат и бројките кои се споменаа дека до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за организиран криминал, поднесени се 181 кривична пријава. Тоа е речиси четири и пол пати повеќе во однос на годината претходно. Тоа е сигнал дека институциите конечно работат. Не затвораат очи, туку дејствуваат.

Ова не се само бројки. Ова е доказ дека Македонија се буди, дека системот конечно проработува. Ова е потврда дека ги градиме темелите на променит“, изјави Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK