(Видео) Мециновиќ: Левица ќе ја турне диктатурата, решетки за сите ѕверови кои ја пијат крвта на обичните луѓе

Видео-Мециновиќ-Левица-ќе-ја-турне-диктатурата-решетки-за-сите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Кога станува јасно дека сите политички партии на олигархијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ дејствуваат координирано и останатите партии во Собранието учествуваат во орото кое тие им го свират, кога стана јасно дека во институциите преку Левица е претставена народната воља која се попречува на владеењето на овие бизнис-партии – со вчерашното носење на новиот Деловник во Собранието се формализираше диктатурата на широката коалиција“, рече портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.


„Режимот на СДС-ДПМНЕ-ДУИ има цел целосно да го пороби народот, за државата да им служи единствено за богатење на раководствата на партиите додека под нивната авторитарна чизма се слушаат пискотници од голготата на обичниот народ на кој му е одземено се. Народ чии семејства се разединуваат поради мизеријата која ја приредува политичката олигархија, чии животи се безвредни за монструозната тројка која не престанува да се богати – чиј народен суверенитет се потиштува за конечно и да му се одземе државата. Народ кој се тетерави да се ослободи од фаталниот стисок на сецесионизмот на ДУИ, предавничката нарав на СДС и лажниот патриотизам на ДПМНЕ со чиј благослов се одзима државата – создадена од крвта на нашите претходници.

118 од 120 пратеници се на истата страна, на страната на бизнисот и профитот, на страната на антимакедонските сили. Со парализа на Собранието, на домот на народот, токму на тој начин, ДПМНЕ со сигурност ќе ги внесе и Бугарите во Уставот во следниот мандат. Се ќе направат за да продолжат да владеат. Да владеат и ненаситно да се богатат, па и по цена на расчеречување на државата.

За вчерашното грозоморно прекршување на Уставот и законите на Република Македонија, Левица ќе поднесе кривична против Талат Џафери и архиварите во Собранието а услов на Левица за формирање на секоја идна влада ќе биде процесирање на кривичните пријави и конечно затвор за сегашниот собраниски спикер.

Македонскиот народ, под деценискиот притисок на овие човекојадци од СДС-ДУИ-ДПМНЕ го пронајде во своите редови оружјето со кое ќе се одбрани од оваа ламја со три глави – преку партијата на народните маси Левица, во антифашистички и народен фронт спремен за финална пресметка. Сите велепредавници кои ја овозможуваат и ја продлабочуваат диктатурата на анти-македонската политичка олигархија, ќе се соочат со безмилосен крај кој ќе ги стави зад решетки овие ѕверови кои ја пијат крвтта на обичните луѓе“, изјави портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK