„Додека надвор од Собранието обезбедувањето на Мицкоски тепа полицајци, внатре, пратениците на ДПМНЕ блокираат закони со кои се овозможува решавање на станбените прашања за вработните во МВР и безбедносните служби“, рече Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.
„ДПМНЕ го блокира Законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработените во Министерството за внатрешни работи и безбедносните служби.
Во Комисијата за финансирање и буџет, законот го блокира претседателот на комисијата од ДПМНЕ Бојан Стојановски.
Иако законот е пуштен во собраниска процедура уште на 06.07.2021 година.
Со овој закон се дава можност државните станови доделени на користење на лица кои се вработени во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, како и на лица кои стекнале право на пензија во МВР, да ги откупат и трајно да го решат своето станбен прашање.
Ете како ДПМНЕ во македонското Собрание со активна блокада постојано работи против интересот на граѓаните и против интересите на вработените во МВР.
Јавно го повикуваме ДПМНЕ и Бојан Стојановски да ја прекинат блокадата и во интерес на овие луѓе да продолжи постапката и законот да биде донесен“, изјави Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.