(Видео) Манасиевски: Рубин Земон од СДСМ тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет


manasievski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членот на Извршниот одбор на Филипче и Заев, Рубин Земон тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.


„Директорот на Центарот за напредни истражувања на СДС и сегашен член на ИО, Рубин Земон, кој е исто така и поранешен посебен советник во Владата предводена од Зоран Заев, јавно на социјалните медиуми вели не му е толку важно она што го има направено Гоце Делчев за Македонија и не му е јасно зошто толку македонскиот народ му се восхитува“, рече Манасиевски.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ остро ја осудува оваа изјава на Земон, кој, како што вели,  јавно и без срам вели дека Гоце Делчев е мит, дека не извојувал ниедна битка и дека не напишал ништо што денес е од важност.

„По ова, јасно се гледа дека на СДС воопшто не им е гајле ниту за Македонија, ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот народ. Очигледно е дека ова не е личен став само на Филипче, туку ова е образец на СДС, и ова е тоа околу што СДС постојано гравитира, релативизација на македонскиот идентитет, отстапки без гаранции, и целосна рамнодушност кон она за што генерации Македонци се бореле и жртвувале“, рече Манасиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK