Изминативе 7 години со СДС и 5 со Пендаровски беа понижување за нацијата и државата, рече денеска на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
„Пендаровски наместо да се однесува како претседател се однесуваше како курир на Заев, а потоа и на Ковачевски. Па наместо да застапува државни позиции тој носеше поздрави од Заев во Бугарија и го нарекуваше Бојко Борисов „љубави“. Со љубави за Бојко стасавме до вето за Европската Унија од Бугарија. Некако љубовта на Пендаровски невозвратена“, рече тој.
Според Лефков, Пендаровски наместо со достоинство и со интегритет да ја застапува државата и да ги гради односите, тој со понизност и несериозност ја руши сликата за земјата.
„Од големата „љубов“ на Пендаровски со Бојко остана корпата која ја доби од бугарскиот политички врв и бугарскиот диктат. На Македонија не и треба претседател кој ќе биде понизен пред странските претставници, туку пред народот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, изјави Лефков.