(Видео) Кузеска: Демократијата повторно живее во нашата земја, не се шепоти како порано, туку гласно се говори

Видео-Кузеска-Демократијата-повторно-живее-во-нашата-земја-не-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оваа година е година на одлука. Одлука за европски напредок со СДСМ или изолација со ДПМНЕ, изјави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.


„Пред 4 години граѓаните донеса одлука. Резултатите од таа одлука ги гледаме денеска. За само неколку години со СДСМ државата направи историски изчекори, прво со членството во НАТО а потоа и со почетокот на преговорите со ЕУ после 17 години чекање. Демократијата повторно живее во нашата земја. Не се шепоти како порано, туку гласно се говори. Се дебатира за сѐ, нема забранети теми, нема забранети емисии нема последици за поинаквото мислење. Заробената држава е минато“, рече Кузеска.

Додаде дека платите и пензиите имаат историски најголем раст, власта се справи со последиците од сите глобални кризи, а над 2,6 милијарди евра се вратени назад кај народот.

„Сега е време за нова одлука за иднината. Изборот е сигурна европска иднина, подобар животен стандард и европски вредности со СДСМ. Или враќање назад во минатото, изолација и неизвесност со ДПМНЕ и Левица. ДПМНЕ не може да донесе ништо добро за земјата. Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ. Тоа е истата режимска партија во која ништо не се променило. Хаосот којшто се случува во Скопје, но и во другите општини под капата на ДПМНЕ е олицетрворение на тоа што се случува кога оваа партија е власт“, рече Кузеска.

На овој народ не му требаат нови загубени години, заклучи таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK