(Видео) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Kuzeska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Додека полицајците на граничниот премин Блаце се казнуваат на плата, додека министерот за внатрешни работи најавува мерки за заштита на државниот буџет од злоупотреби, власта секој ден носи нови одлуки за вдомување партиски кадри на измислени позиции, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.



„И во МВР тоа се случува на големо. Министерот Тошковски и заменик министерот Исени наредиле огромна листа на советници, со огромни плати и до 66 илјади денари. Само за овие 23 советници во кабинетот на министерот и на заменикот министер граѓаните на Македонија ќе плаќаат околу 1 милион денари секој месец. На коалициските партнери во власта не им е доволно тоа што имаат министри, заменици министри, државни секретари, директори, сега се измислуваат функции и позиции за вдомување“, дополнува Кузеска и додава:

„Од координатори, национални координатори, заменик на заменикот директор еве дојдоа до паралелни кабинети со бројни советници. Кога се функции и фотели во прашања нема мерка за доста кај ДПМНЕ“.

Според неа ова е класична партизација со која се ограбува буџетот за задоволување на апетите на партиите на власт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK