(Видео) Ковачки: Пендаровски еден месец молчи за секс скандалот во армијата

Видео-Ковачки-Пендаровски-еден-месец-молчи-за-секс-скандалот-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски еден месец молчи за секс скандалот во Армијата што ВМРО-ДПМНЕ го обелодени на 17 октомври, вели пратеникот Драган Ковачки.


Тој рече дека во скандалот се замешани највисоки воени раководители, но засега нема никаква реакција на министерот за одбрана и на претседателот, Стево Пендаровски.

„На седница на пратенички прашања, министерот за одбрана јавно пред Ковачевски и пред пратениците потврди дека знаела за овој случај и дека дала исказ во военото разузнавање. Претседателот Пендаровски, како и секогаш досега, кажа дека не бил информиран и побара информациите кои ги имаме да ги доставиме до надлежните институции. Бидејќи тој е надлежна институција, јавно се понудив да лично дојдам кај институцијата Претседател на државата. Досега помина повеќе од месец дена, а од претседателот нема никаков интерес за расчистување на случајот за кој министерката повторувам јавно од говорница кажа дека знаела, а подоцна во тек на ден даде спротивна изјава за едно ТВ интервју, дека не била известена. Значи знаела, но не била известена“, рече Ковачки.

Тој обвини дека со оглед на тоа што досега нема никаква реакција од Пендаровски за случај за кој во западните армии се носат најстроги санкции, јасно е станува збор за одреден договор – пазар или уцена кон него.

Пратеникот вели дека претседателот бега од преземање на мерки кон лицата за кои е директно надлежен и нанесува срам на угледот на АРМ која за разлика од него, се’ уште ужива голема доверба кај граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK