(Видео) Ковачевски: Планот за раст го отвора патот кон Единствениот европски пазар, кон просперитет и полноправно членство во ЕУ до 2030 година

Видео-Ковачевски-Планот-за-раст-го-отвора-патот-кон-Единствениот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседатетелот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на Лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Евроската комисија.

„Пред два месеци министрите за финансии и главните преговарачи за ЕУ имаа средба исто така во Скопје за детално да разговараат за Планот за раст на ЕУ усвоен за Западен Балкан.

Тој план претставува повеќестран инструмент ги надминува економските стратегии. Тој претставува реална движечка сила и го осветлува патот кон меѓуповрзана и просперитетна иднина на Западен Балкан, бидејќи се стреми кон заедништво со Европското семејство. Овде би сакал да им се заблагодарам на вицепремиерот Маричиќ и на министерот за финансии Бесими што ја организираа и што беа домаќини на дискусијата затоа што тогаш се покренаа многу активности и планови што ќе постават нова динамика во спроведувањето на инструментот“, рече .

„Денес ја креваме таа суштинска дискусија на ниво на лидери. Жал ми е што премиерката на Бих, Борјана Кришто, денес не можеше да ни се придружи лично, бидејќи е домаќин на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен. Таа ќе ни се приклучи преку видео порака во текот на денот.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на Генералниот директор Копман кој ја согледа важноста од спојувањето на материјалните резултати, испорачаните работи и реформите со нашиот процес на преговори. Овој докажан пристап се покажал како ефективен во минатото и денес само го надградуваме тој успех.

Исто така, оддавајќи признание за стратешкото партнерство што САД го има со ЕУ, би сакал да се заблагодарам и на помошник државниот секретар О’Брајен за неговата непрекината поддршка и за тоа што се наш сигурен сојузник. Неговиот постојан влог на нашиот европски пат придонесува кон нашата заедничка цел насочена кон унапредување на мирот и стабилноста во свет оптоварен со конфликти“, изјави .

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK