(Видео) Костовски: Мицкоски е антиевропски политичар

1692615799_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Стана кристално јасно дека Мицкоски е антиевропски политичар. А ДПМНЕ, по својата срж не се разликува од Левица, тоа е антиевропска партија. Мицкоски е против ЕУ, како што беше и против членството во НАТО. Ист како Груевски кој 11 години го блокираше членството во НАТО и земјата ја држеше во изолација и надвор од европските интеграции“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.


„За лична кариера Мицкоски сака да држи како заложник цела држава, цел народ. Скапа е цената на овие блокади на Мицкоски и ДПМНЕ, тие значат уште 11 години загубени години за целиот наш народ, за нашата држава.

Македонија нема нови децении за губење. 80% од македонските граѓани се за членство во ЕУ, дури една четвртина од гласачите на ДПМНЕ се за членство во ЕУ. Ќе поминат 11 години, нема ништо да се смени, ниту ќе има нов договор, ниту ќе стане подобро а ќе загубиме многу. Нас ни е потребна интеграција наместо изолација“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Членството во ЕУ значи економски просперитет, подобар животен стандард, поголеми плати, социјална правда. Државите кои се зачлениле, во првите 5 години имаат од 70 до 100% зголемување на платите на нивните работници, имаат економски раст, зголемување на БДП.

Држава членка на ЕУ добива огромна финансиска помош од различни фондови, 11 пати поголема по глава на жител од земја кандидат. Сега граѓаните на ова треба да заборават, да им пропаднат, само заради празни муабети на политичар од минатото кој сака да ја задржи фотелја по секоја цена?

Државата тоа не го заслужува, тоа го виде 11 години и ние тоа нема да го дозволиме. Проевропскиот блок на чело со СДСМ ќе направи се за да ја пробие блокадата.

Процесот на уставни измени во македонското собрание само што започна. Моментално над 70 пратеници го поддржуваат, ќе продолжиме да работиме за обезбедување потребно мнозинство. Се работи за иднината на земјата, иднината на македонскиот народ, на граѓаните, иднината на децата кои растат денес, дали ќе живеат во европска држава утре“, додаде Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK