(Видео) Костовски: Изопачена е потребата трагичниот настан да се злоупотребува за политички поени

Видео-Костовски-Изопачена-е-потребата-трагичниот-настан-да-се-злоупотребува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Додека цела Македонија жали а институциите целосно го расветлија случајот, ДПМНЕ и Левица сакаа да профитираат врз трагедија и човечките жртви.
За жал ова не е прв пат, изјави пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, одговарајќи на новинарски прашања.


Тој рече дека очигледно опозициските партии имаат изопачени некрофилски разбирања за политиката, па прaшањето е дали има грам човечност во ДПМНЕ и Левица.

„СДСМ нема воопшто да се меша во ваквото условно кажано користење на политички поени од таквото однесување на ДПМНЕ и Левица. Најмалку што може и што треба да направат ДПМНЕ и Левица е да излезат пред јавноста и да им се извинат на граѓаните и на припадниците на македонската полиција“, рече Костовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK