Членство во ЕУ носи поголеми плати и пензии, а блокадата економска неизвесност, изјави на прес-конференција, пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.
„Со членство во ЕУ платите, пензиите, инвестициите драстично ќе се зголемат. Државите коишто се зачлениле во Унијата, во првите 5 години имаат и до 100-проценти зголемување на платите за работниците. Поддршката за земјоделието, за нови патишта, школи, градинки, ќе биде драстично поголема. За земјоделците и за компаниите се отвора пазар до 500 милиони жители и пристап до различни и огромни фондови за финансиска поддршка“, рече Каевски.
Додаде дека земја членка на Унијата добива 11 пати поголема европска помош од ЕУ – фондовите по глава на жител, од земја кандидатка.
Тој уверува дека членството во ЕУ по членство во НАТО најмногу ќе влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Каевски рече и дека економските политики на СДСМ во изминатите години создадоа поволна бизнис клима и услови за покачување на платите и пензиите, за подобрување на стандардот на граѓаните.