Хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици денеска учествуваше во гаснење на пожарот за кој околу 14.30 часот беше пријавено дека настана во атарот на Катланово, во кој беше зафатена нискостеблеста шума и сува трева, извести МВР.
– Поради распространетоста на пожарот и отежнатото гаснење на тешко пристапниот терен над Катланово, во координација со Центарот за управување со кризи, МВР го испрати полицискиот хеликоптер Бел 412, велат од Министерството.
Во повеќе налети од Бел 412 беа исфрлени 20 тони вода и со заеднички координирани напори со останатите тимови на терен, пожарот е ставен под контрола.