(Видео) Хеликоптерот на МВР исфрли над седум тони вода, изгаснат пожарот во близина на езерото Мантово

2023-08-21_21-16-38-735.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствуваше во реонот на езерото Мантово, во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш каде успешно беше изгаснат пожарот кој настана денеска околу 14 часот.



По добиено барање од Центарот за управување со кризи дека поради непристапниот терен во шумата потребно е да се активира хеликоптер на МВР веднаш е постапено и хеликоптерот прецизно исфрли 7 тона вода и заедно со пожарникари од Штип, Радовиш и од Доброволното противпожарно друштво од општина Конче го изгасна пожарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK