Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атарот на село Селце, општина Тетово, упати два хеликоптера од типот Бел-412 и М171.
Тие со прецизно дејствување исфрлија 50 тони вода, во кординација со силите на терен, со цел стопирање на кракот што се движеше кон селото Селце, соопшти МВР.