(Видео) Ферат: Освен корупција, криминал, насилство, злосторничкото дуо Курто и Фата ништо друго не знаат да прават

Видео-Ферат-Освен-корупција-криминал-насилство-злосторничкото-дуо-Курто-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поминаа 2 години од локалната власт во Шуто Оризари, освен корупција, криминал, узурпација на државно земјиште, насилство и фалење со проекти од централната власт на СДСМ, злосторничкото дуо Курто и Фата ништо друго не знаат да прават. Меѓутоа, знаат да возат скапи автомобили, да имаат приватна зоолошка градина, да купиваат скапи телефони со парите на граѓаните, истакна на денешната прес-конференција Асан Ферат, претседател на ОО СДСМ Шуто Оризари.


Информира дека на 20 ноември 2023 година, била поднесена кривична пријава против Курто Дудуш до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овласување по член 353 од КЗ.

„Истиот во својство на градоначалник на општина Шуто Оризаре во период од 2020 година до денес, со намера противправно да се стекне со имотна корист и да нанесе штета на буџетот на општина Шуто Оризари, спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки, вршел плаќање кон различни правни субјекти без да спроведе јавна набавка. Вкупниот износ за ваквиот договор изнесува 29.033.405 денари, за кои требало да спроведе јавна набавка според законот. Поточно на одредени фирми им исплаќал милионски суми без спроведување на јавна набавка“, појаснува Ферат.

Според Ферат, за да биде самоволието поголемо, истиот исплаќал милиони на негови блиски од добиени дотации од министерства.

„Од ова место, во името на граѓаните на општина Шуто Оризари, го повикуваме Јавното Обвинителство и сите надлежни институции заедно да застанат и да стават крај на ова злосторничко дуо“, порача Ферат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK