(Видео) Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ стави катанец на детскиот „парк на срцата“ во Велес

Видео-Битиќи-ВМРО-ДПМНЕ-стави-катанец-на-детскиот-„парк-на-срцата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ стави катанец на детскиот „парк на срцата“ во Велес изграден од претходната локална власт предводена во СДСМ, и покрај тоа што е финансиран од Владата и од ЕУ, рече при посетата на Велес потпретседателот на СДСМ и вицепремиер Фатмир Битиќи.


-Ова е знак на неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ во последните 2 години да го одржува. Може да видите како е оставено, запуштено. Иако, ова е како што го викаат „парк на срцата“, со пари на донатори, но состјбата е таква каква што е, катастрофална, рече Битиќи.

„Наместо детски џагор, насмевки од игри исполнети со авантуризам, оваа детско игралиште е запуштено. Неодговорноста на локалната власт во Велес, предводена од ДПМНЕ, им ги уништува можностите на најмладите.

Катанецот кој е ставен на портите на оваа игралиште, не е катанец на овој инфраструктурен проект, туку тоа, уште повеќе, е катанец ставен на срцата на најмалите од Велес“, велат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK