(Видео) Апасиев: Гаши го прекршува Уставот за Џафери да не биде разрешен, ДПМНЕ молчи

Screenshot-2024-06-08-112237.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставот е јасен! Дополнително има дури четири други закони кои изречно со „jus cogens” норма пропишуваат неспоивост на функција. Тоа се: Законот за Собранието, Законот за пратениците, Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси, рече Димитар Апасиев, при процедуралното обраќање на собраниската седница, а по однос на неуставното, незаконското и неделовничкото заземање на две неспоиви функции од страна на Талат Џафери, се вели во соопштението од Левица.


– На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако: Поднесе оставка, е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор поголема од пет години, настапи неспоивост со функцијата пратеник, му престане државјанството на РМ, со правосилно решение биде лишен од деловна способност или со смрт – додава Апасиев.

Во своето процедурално обраќање, Апасиев, таксативно ги наведе случаите по коишто престанува функцијата пратеник.

– Ставот три е многу битен, којшто вели: „Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настанување на случаите од ставот 1, точки 2, 3, 4, 5, и 6″. Значи, точката 3 којашто е случај на инкопатибилност е спомената изрично. Слушајте што вели: „Собранието тоа го констатира на првата наредна седница”. Ова е прва наредна седница после верификацијата на мандатите – објасни Апасиев.

Инаку, уште на 4 јуни, пратеничката група од Левица има поднесено барање врз основа на сите наведени членови.

– Кај пратеникот Џафери, согласно Одлуката за верификација се констатира престанок на неговата функција без расправа со прост премин – рече Апасиев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK