Ведро и многу студено, преку денот сончево со мала облачност

Променливо-облачно-со-повремени-врнежи-од-дожд-на-планините-снег.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Утрото ќе биде ведро, тивко и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -8, а максималната ќе достигне од -3 до 5 степени.

Во Скопје наутро ведро и многу студено, преку денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -13, а максималната ќе достигне 3 степени.

До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Најстудено ќе биде утре и вторник. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK