Вчерашното убиство е продолжение на крвавата нарко пресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Вчерашното-убиство-е-продолжение-на-крвавата-нарко-пресметка-силата-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија.


Убиството кое се случи вчера е продолжение на крвавата нарко пресметка на клановите чии грозоморни убиства започнаа во времето кога Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи.

Таквата сила на тие кланови доаѓа поради фактот што Спасовски, Заев и Ковачевски го ставија МВР на услуга на криминалците, а со помош на нарко клановите ДУИ и СДС добиваше гласови на неколку последователни изборни циклуси“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Застреланиот, како што појаснуваат од оваа партија, го нашол братот полицаец чие име се спомнува во структурата на фирмата која продава јаглен на ЕСМ и РЕК Битола.

„А, јавна тајна е дека ЕСМ и РЕК се златните рудници каде црпи пари врвот на СДС и ДУИ.

Срамно е и се граничи со лудост да се пушта соопштенија каде СДС го обвинува Тошковски за расветлување на убиство кога се знае дека тие нарко кланови претходно се пушкараа среде Скопје, се убиваа и брутално егзекутираа, а во исто време седеа во скутот на Спасовски“, велат од партијата на Мицкоски.

За сите други прашања, според нив, СДС нека се обрати до нивниот заменски министер во МВР Бојмацалиев, кој веројатно, како што пишуваат, не е зафатен со свечен пречек на пасоши или пак со долг сервилен разговор со неговиот шеф во сенка Оливер Спасовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK