Состанок на раководството на АД ЕСМ со претставници на ММФ

esm
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот директор Васко Стефанов, заедно со дел од раководството на АД ЕСМ одржаа работен состанок со Jacques Miniane, шеф на мисијата од ММФ, Thomas Gade, член на мисијата од Вашингтон од ММФ и Фатон Сулејмани, локален економист во Канцеларијата на ММФ во Скопје.







На работниот состанок се се разговараше за повеќе теми, меѓу кои планираното и досегашното производство на електрична енергија, набавката на електрична енергија, начинот и постапката за утврдување на цената на струјата, инвестициите во енергетскиот сектор, мерките кои се презеле во изминатиот период со цел справување со кризата како и снабдувањето со топлина.

Набавката на електрична енергија минатата грејна сезона беше помала од планираното, а тоа се должи на значително зголеменото домашно производство на електрична енергија. Ова се должи на навременото планирање и набавка на енергенси кои се потребни за производство, како јаглен, мазут и гас, како и добро планирање на целокупнниот производствен процес, а дополнително олеснителна околност беше благата зима. Со капацитетите со кои располага АД ЕСМ во наредниот период не се очекува драстично зголемено производство од она што го имавме во минатата грејна сезона, но може да имаме благо зголемување што се должи на подобрената хидрологија. Дали во наредниот период и наредната грејна сезона ќе има набавки на електрична енергија зависи од обврските кои ќе ни бидат дадени од Владата. АД ЕСМ е спремен да одговори на тие обврски, без оглед дали треба да се обезбеди 50%, 70% или 100% од електричната енергија од домашно производство.

Во наредниот период кога потрошувачката на електрична енергија е помала ќе се прават редовни ремонтни активности на капацитетите за да се продолжи нивниот век и да бидат подготвени за следната сезона да има непречено и безбедно производство.

Што се однесува до топлинската енергија за Градот Скопје, АД ЕСМ по задолжение од Владата го презеде и овој товар и даде посебен напор и немаше прекин во снабдувањето со топлинската енергија.

АД ЕСМ продолжува да се движи кон зеленото сценарио и ќе се стреми во иднина да бидеме енергетски независна земја која произведува електрична и топлинска енергија од обновливи извори на енергија.

Поддршката и соработката со институции како ММФ е од клучно значење и со нивна поддршка ќе се зголемат инвестициите во енергетскиот сектор и ќе придонесе за побрза и полесна транзиција кон Зелената агенда за Западен Балкан.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK