Вархеји: Не мислам дека земјите членки ќе сакаат да ревидираат некои од условите за Северна Македонија, критерумите се јасни

Varheji.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји не очекува промена на Преговарачката рамка за Северна Македонија.



Во интервју за БГНЕС, Вархеји кој се наоѓа во посета на Бугарија изјави дека критериумите за членството на Северна Македонија во ЕУ се многу јасни од 2022 година, кога беше усвоена преговарачката рамка.

„Условите мора да се исполнат и во оваа смисла не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите“, рече Вархеји.

Тој истакна дека се надева оти веднаш по изборите, новата влада во Северна Македонија ќе се заложи за исполнување на критериумите.

Вархеји оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, пришто бугарскиот претседател оцени дека политичките пораки за време на изборната кампања во Македонија се негативни кога станува збор за Бугарија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK