В понеделник нов протест за Онкологија: „Се лечеле Косовари на товар на Фондот“

В-понеделник-нов-протест-за-Онкологија-„Се-лечеле-Косовари-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Организаторите на протестите по скандалите на Онкологија повикаа на нов протест што ќе се одржи в понеделник, 18 септември во 18 часот.



„Катастрофалното работење на Клиниката за Онкологија секој ден се потврдува со нови скандали. Она што најново шокира е признанието на доктор на Клиника за онкологија, кој во интервју кажа дека косовски државјани се лечеле како македонски државјани. Односно, истиот државјанин на Косово во брза постапка добивал македонско државјанство и здравствено осигурување за да се лечи на Клиниката на онкологија.
После ова признание од доктор, бараме одговор од министерот Оливер Спасовски по кој основ се делеле македонски државјанства на жители од Косово“, се наведува во повикот за протестот.

Се бара целосно расветлување на овој скандал, како и одговори кои лица биле инволвирани во давањето државјанства на жители на Косово, како и колку штета е предизвикана на Фондот на здравство.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK