Увид на градежните работи за изградба на детската градинка во АРМ

thumbnail_IVK_0546.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на градежните активности за изградба на детската градинка во АРМ, каде се финализира првата фаза од изградбата.

Во моментот се работи на кровната конструкција и дограмата, по што ќе следува отпочнувањето на втората фаза за внатрешно уредување на просторот.

При увидот на градежните работи беше констатирано дека, по надминувањето на проблемите со земјиштето градежните работи напредуваат со задоволителна динамика, согласно планираните рокови. Градоначалникот Коњановски, нагласи дека завршувањето на изградбата и адаптацијата на објектите предвидени за детски градинки е од голема важност, заради надминување на проблемите со долгите листи на чекање во детските градинки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK