Утврден Предлог законот за ратификација на спогодбата со Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро

ohrid 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро.

Очекуваните влијанија од ратификацијата на Спогодбата, според предлагачот, Министерството за надворешни работи, се позитивни, бидејќи ќе се развијат пријателските односи помеѓу двете земји врз основа на принципот на слободна пловидба во областа на внатрешниот воден сообраќај преку Охридското Езеро, соопшти владината прес-служба.


Спогодбата е потпишана во Скопје на 14 ноември 2022 година, а нејзината цел е да се изврши непречна имплементација на стратешкиот проект „Охридското Езеро – поврзување на две земји кон една дестинација, финансирани од страна на Европската Унија како дел од новата ИПА 3 Програма за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK