Секторот за внатрешни работи Тетово известува дека најавениот изменет, односно посебен сообраќаен режим за утре (11 јануари) во Тетово нема да се спроведе од 5 часот и 30 минути до 12 часот, како што првобитно беше планирано. Зашто, одложена е посетата на високата делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија.
Тоа значи, односно подразбира, како што појаснуваат, дека утре сообраќајот во Тетово ќе се одвива нормално и без никакви ограничувања на претходното споменатите улици, а истото се однесува и за паркирањето на возилата.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи и посебно оние кои се однесуваат на паркирањето на возилата, а пред се да избегнуваат паркирање во таканаречени „двојни редови“.