Времето утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.