Уставниот суд го укина делот националност во матичните книги: „Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот“

Уставниот-суд-го-укина-делот-националност-во-матичните-книги-„Се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се укинува делот националност во три члена од матичната книга на родените, венчаните и матичната книга на умрените.


Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска образложи на прес-конференција дека Уставниот суд оценил дека овој податок од граѓаните е во спротивност со вредноста на слободното изразување на националноста.

Овој член, како што објасни, го вклучува правото граѓанинот да може да се изјасни, но и правото да не се изјасни за националноста, вклучително и правото да ја промени националноста, што не беше случај со одредбите што се веќе укинати.

„Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот. Никој не може да биде принуден тоа чувство јавно да го манифестира и да предмет на задолжително институционално администрирање во јавните исправи“, рече Беловска.

Со тоа, повеќе не постои правен основ во матичните книги да се бара податок за националноста.

Уставните судии ја донесоа оваа одлука во рамките на предметот оформен по иницијативата поднесена од политичка партија Левица, во која е оспорен член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1 во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста“ од Законот за матичната евиденција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK