Успеавме да го надминеме секој тест на изджливост, рече Кацарска на крајот од мандатот

kacarska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Со непоколеблива посветеност и истрајност го зачувавме достоинството на Уставниот суд. Успеавме да го надминеме секој тест на изджливост и непристрасност на судот и не потклекнавме под еден од најспецифичничните предизвици кои ги памети историјата на Уставниот суд, а тоа е 17 месеци функционирање на работ на кворумот со само пет судии, а потоа и без една третина од судиите. Ова го истакна претседателката на Уставниот суд во заминување, Добрила Кацарска.

До идниот претседател и граѓаните порача дека треба да бидат комотни, бидејќи нема натрупани или заостанати предмети.

„Очекувам судот и натаму да биде ажурен, да се постапува по сите предмети, да продолжи таму каде што застанав јас“, рече Кацарска прашања за очекувањата од нејзиниот наследник.

Во отчетот за сработеното, Кацарска рече дека судот по 32 години донел современ акт кој ја регулира нивната работа.

Во таа насока, Уставниот суд ќе им овозможи на правните лица и сртанските државјани да поднесат барање за заштита на нивните слободи и права – право што досега го имале само поединци. Понатаму, Народниот правобранител ќе може да поднесува барања за заштита на слободите и правата во име на оние граѓани кои не можат тоа да го сторат. Овој нов акт, вели Кацарска, предвидува и т.н. контролни механизми за судиите и претседателите, да не можат да се чуваат предмети во фиока со години, што за жал беше случај во минатото. Се предвидува рок од 6 медсеци за судиите да го завршат предметот. Уставниот суд кога ќе ги добие готовите предмети не смее да ги чува подолго од еден месец, и во тој период мора да ги стави на дневен ред, појасни Кацарска.

Додаде и дека е намален бројот на стари предмети од кои некои се чувале и десетина години. Има раст на укинати или поништени акти, што во минатото ретко се случувало.

„Има 78 одлуки со кои се укинуваат закони и други акти и прописи кои се донесени од различни собраниски состави што говори за непристасноста“, рече Кацарска.

Нагласи и дека во моментот Уставниот суд работи со полн капацитет со 9 судии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK