Уште од моето стапнување на функцијата директор ветив реузлтати, токму Царинската управа е орган од чија работа се најмногу задоволни инвеститорите, вели Богоев

Уште-од-моето-стапнување-на-функцијата-директор-ветив-реузлтати-токму.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Уште од моето стапнување на функцијата директор на Царинска управа ветив реузлтати , а тоа се подобрување на условите за водење на бизнис партнерства со бизнис заедниците и нула толеранција за корупција, организиран криминал и шверц, рече на прес-конференција Стеван Богоев, директорот на Царинската управа.

„Денешниот настан и резултатите од презементите активности говорат дека ефектите се видливи во последната анкета на советот на странски инвеститори. Токму Царинската управа е орган од чија работа се најмногу задоволни инвеститорите во државата“, рече Богоев.

Тој пред компаниите ги презентираше придобивките од националниот едношалтерски систем.

„Станува збор за систем кој ќе помогне во забрзувањето на транспортот и трговијата во кој освен Царинската управа како координатор во целиот процес вклучени се 16 државни институции. Новиот систем ќе овозможи целосна дигитализација на издавањето дозволи, лиценци и нивно плаќање, колективно користење на податоците од страна на институциите, моќност за комуникација со системите од други земји, издавање на дозволи на еден покрив. Исиот треба да ги намали трошоците на времето на чекање потребно за извршување на извозните и увозните постапки. Ова ќе овозможи олеснување на трговијата, забрзување на транспортот, забрзана интеграција во ЕУ, а со тоа зголемување и на конкурентноста на македонските компании и подобрување на условите за водење на бизнис, посочи Богоев и додаде дека истовремено преку имплементација на системот, ќе се овозможи унапредување на анализата на ризик за сите институции кои се вклучени во издавањето дозволи во прекугранична трговија со што ќе се намали бројот на контроли, а истовремено ќе се зголеми квалитетот на услугите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK