Универзална сала не изгоре, изгоре тоа што требаше да биде дислоцирано, вели Арсовски

univerzalna-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Надзорниците на изградбата на Универзална сала, објект којшто во вторникот пламна во пожар предизвикан од засега непознати причини, по денешниот брифинг со медиумите рекоа  дека ќе има вештачење и ќе мора да се испита последната конструкција – новата.


„Ќе има веројатно вештачење и ќе треба да се испита новата конструкција, тоа ќе го прават институти и треба да се покаже дали егзистенцијата на материјалот не е нарушена. Ако не е, тогаш ќе продолжи со работа. Доколку е спротивното , нарушеното ќе се демонтира и ќе се прави нова конструкција. Позицијата која е руинирана, која се запали е позиција за која има распишано јавна набавка. Колку време ќе трае тоа, не зависи од нас, МВР се уште прави увид , сигурно ќе има вештачење од обвинителството или некои засегнати страни. Тое е процес и на крајот ќе треба испитување на целиот материјал, односно на критичниот материјал кој беше најизложен на огнот,  рече еден од надзорниците.

Лазар Арсовски, сопственик на компанијата која ја вршеше реконструкцијата на Универзалната сала рече дека изгорени се елементи кои што треба да бидат дислоцирани од тој објект.

„Се што беше вредно, се што имаше некаква вредност и за во музеј, може да се искористи, уште во 2020 веќе беше извадено од салата. Во глобала во салата беа старите материјали, како иверица, стар челик, стар алуминиум. Универзална сала не изгоре, изгоре тоа што требаше да биде дислоцирано. Секоја штета што е направена ќе ја сносат нашите две компании.Новиот објект може брзо да се почне, ако биде увидена штета на новата челична конструкција ќе биде заменета за нова. Се додека е во наше владение проектот, ние тоа мора да го направиме и ќе го направиме. Уште еднаш да објаснам, овој пожар нема жртви и не направи некоја преголема штета на самиот проект и ако има таква ние ќе ја сносиме“, рекоа оттаму.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, изјави дека Министерството за култура ги чека наодите од Јавното обвинителство, од Министерството за внатрешни работи, од Државниот инспекторат за труд, и упати апел да не се шират шпекулации до официјалните информации за причините и за штетите од пожарот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK