Трипуновски: Со СДС на власт имаме 16.5 милиони килограми помалку извезено јаболко и 7.6 милиони евра помал годишен девизен прилив

извоз-јаболко.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку објава на Фејсбук извести за, како што ги нарекува, катастрофалните политики на СДСМ во делот на овоштарството.


Трипуновски направи споредба помеѓу 2016 и 2023 година за количините на извезено јаболко и годишните девизни приливи по тој основ.

Бројките, како што оценува, се катастрофални и се само дополнителен доказ за негрижата на СДСМ за македонските земјоделци.

„Јаболкото е најизвезуваното овошје од Македонија од кое се остварува годишен девизен прилив од над 20 милиони евра ‼️
Но, со СДС на власт денес имаме:
16,5 милиони килограми помалку извезени количини во 2023 во споредба со 2016 (Извор: ДЗС)
7,6 милиони евра помал девизен прилив во 2023 споредено со 2016 (Извор: ДЗС)“, напиша Трипуновски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK