Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски го повика министерот Љупчо Николовски на тв дуел кој би се одржал на било кој медиум по желба на министерот Николовски.
„Го повикувам Љупчо Николовски кој постојано лаже и ги манипулира земјоделците, да собере храброст и да излезе на телевизиско соочување за цела јавност, а и земјоделците да видат и да ја дознаат вистината, кој работи за нив а кој против нив.
Наместо да бегаш еве ајде да излеземе на ТВ ДУЕЛ да го соочиме ставовите и аргументите.
Собери храброст, одбери сам на кој медиум сакаш и кое време, таму ќе дојдам“, напиша Трипуновски на социјалните мрежи.