Трипуновски: Николовски ангажира лица за политичка кампања преку МЗШВ на товар на државата

Договори-МЗШВ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денес на својата „фејсбук“ страница објави документ каде што се гледа дека министерот Љупчо Николовски ангажирал повеќе лица на договор на дело за периодот од февруари до мај.


„Николовски привремено вработува фотограф, снимател, графички дизајнер, лице за односи со јавност, лице за логистичка поддршка на Министерот на терен, и сите овие лица се вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што ќе добијат по 76.000 денари“ вели Трипуновски и прашува:

„Дали Николовски со државни пари си вработува лица за политичка кампања за СДС во предизборниот период?

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK