Триглав Осигурување Живот со поддршка за малиот генијалец Македон

makedon
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Малиот талентиран 9-годишник од Тетово, Македон Димитровски, ѝ стана познат на јавноста поради неговите академски вештини и интелектуални капацитети, а неодамна постигна уште еден успех и се врати од САД како освојувач на златен медал од математичката Олимпијада за основни училишта (MOEMS). Денес Триглав Осигурување Живот  потпиша отворен договор за поддршка и промоција на идните успеси на Македон во следните 3 години кој ќе се прилагодува според неговите идни потреби, желби и успеси.

Оваа поддршка е идеален пример за тоа како приватниот сектор може да придонесе кон поттикнување и остварување на национални успеси, кој покажува дека вакви позитивни приказни може да најдеме и локално, насекаде меѓу нас. Триглав Осигурување Живот во Македон препозна огромен потенцијал и генијален ум кој во иднина ќе придонесе за препознавање на нашата земја на глобално ниво и ќе има придонес кон развојот на науката, општо.


Малото момче од Тетово учи во основното училиште НОВА и посетува класична настава за негова возраст, бидејќи во моментов кај нас нема програма прилагодена за деца-генијалци. И покрај тоа што Македон е обично дете и како и секој 9-годишник сака да се дружи со неговите врсници и да си игра со нив, сепак неговиот истакнат интерес за науката и природните науки го донесоа до постигнувања и успеси несвојствени за деца од негова возраст, до учество на повеќе од 4.000 натпревари, повеќе златни медали и една издадена книга со наслов „Од атоми до универзумот“, во која на англиски јазик е детално опишан универзумот и неговото создавање.

Македон зборува совршено течен англиски и неколку други јазици, но вели дека најголем новитет и предизвик му е кинескиот јазик, кој сака да го научи на ниво на секојдневна комуникација, бидејќи броевите кои и онака му се јака страна – веќе ги научил.

Групацијата Триглав има долга традиција на препознавање на талентирани млади луѓе и често решава да го помогне нивниот развој преку разни видови на поддршка, финансиска или поинаква, со цел да ги мотивира да продолжат да создаваат успеси. Со поддршката за Македон компанијата се надева дека ќе му помогне полесно и побрзо да ги оствари зацртаните цели за да може да го реализира целиот капацитет и талент кој го поседува.

Како компанија чиј главен интерес и централен дел од работата ѝ е иднината, Триглав Осигурување Живот знае колку е важно да се инвестира во неа. Поддршката за Македон не е само поддршка за младо момче со неверојатни вештини и интелект, туку и инвестиција во развојот на едукативната сфера и науката во земјава. Се надеваме дека неговиот труд нема да остане незабележан и дека Македон, како и другите млади и талентирани деца ќе можат да ги остварат своите соништа, изјави Генералниот директор на Триглав Осигурување Живот АД Скопје Христина Џамбазовска Анастасов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK