Тренчевска: Недостигот на работна сила е предизвик на модерното време

Тренчевска-Недостигот-на-работна-сила-е-предизвик-на-модерното-време.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со регионалната директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Клер Харасти ја отворија конференцијата „ Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ.


„Недостигот на работна сила е предизвик на модерното време и се должи на повеќе фактори, како што се демографските транзиции, воведувањето нови технологии, како и работните услови. Сведоци сме дека во сѐ повеќе земји, особено во Европа, работодавачите пријавуваат проблеми со наоѓање и задржување на работната сила“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека нашата држава не е заобиколена од овој глобален тренд и посочи дека од една страна државата се соочува со невработеност и неактивност на населението и додека од друга страна секојдневно се огласуваат испразнети работни позиции.

„Податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година покажуваат дека работната сила на Република Северна Македонија брои 808.078 лица , од кои 692.034 се вработени и 116.045 се невработени. Во 2022 година стапката на вработеност (15-64) изнесува 56,7 проценти, што сè уште е далеку под просекот во ЕУ, 69,8 проценти. Јазот во вработеноста меѓу мажите и жените изнесува 18,4 процентни поени, и е речиси двојно поголем од оној во ЕУ. Стапката на вработеност на младите луѓе (15-29) изнесува 34%, што е многу под стапката во ЕУ од 49,2%“ објасни Тренчевска.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK